Мора да признаете, барем еднаш во животот, сигурно сте побарале инспирација кај некој од вашите омилени модни икони на Инстаграм и тоа воопшто не е ништо лошо, бидејќи сите го прават истото!
Денеска, ви ги презентираме најдобрите модни фанатици со неверојатно добро профили на Инстаграм кои имаат огромен број на следбеници.
Прекрасната Русинка Наташа Голденберг е неверојатно добра стилистка и дизајнерка. Нејзиот плакар е нешто за што дефинитивно сонува секоја девојка, а комбинациите што ги прави таа се секогаш беспрекорни, па дури и во поодминатите месеци од бременоста!
Кога не работи како стилист, Сем Мекнајт обожува да фотографира во неговата грациозна градина. Тој е еден од најпознатите и најангажираните стилисти за коса на модните недели, но и воопшто, во светот на модната индустрија.
Раководителот на одделот за модни додатоци, Марија Дуењас Џејкобс е единствената личност што треба да ја следите кога станува збор за накит! Таа има неверојатно чувство за добар накит и совршени комбинации какви што само таа знае да направи.
Веќе знаеме дека таа е кралицата на есенските модни недели, а на нејзиниот Инстаграм профил можете да ги видите буквално сите фотографии од нејзините појавувања. Покрај тоа што е најбараниот модел во моментов, таа е и неверојатно стилска девојка.
За уредничката на Вог повеќе нема што да се зборува! Таа е дефинитивно една од жените во модната индустрија со најдобар и најинтересен стил. За време на модните недели, нејзиниот Инстаграм профил е нешто што вреди да се следи!
Инстаграм профилот на првата дама на Мода Операнди е дефинитивно стилската инекција што ви е потребна секој ден. Сите фотографии што таа ги постира се олицетворние на она што значи вистински животен луксуз.
Инстаграмот на оваа прекрасна девојка, докажува дека таа на вистински начин го живее американскиот сон! Таа дефинитивно е вљубеничка на „селфи“ фотографиите, но кој може да ја обвини со таква кожа и тело!
Поранешната уредничка на Вог, Карин Ројтфилд, има Инстаграм профил со неверојатна палета од прекрасни животни задоволства и модни пријателства какви што секој може да посака. Доколку сѐ уште не ја следите, веднаш направете го тоа!
Рускиот модел Елена Перминова живее живот каков што секоја девојка посакува. Во нејзиниот плакар има безброј парчиња од Високата Мода, ужива во најубавите места на светот, а на сето тоа сме сведоци на нејзиниот Инстаграм профил.
Од одмори на гламурозни места па сѐ до најубавите парчиња од последните колекции, Џована има сѐ! Оваа девојка на единствен начин знае да ги спои забавата и модата!
На профилот на Инстаграм во сопственост на Алекса Чанг, ќе најдете неверојатни фотографии од нејзините деноноќни дружби со нејзините познати пријатели. Секоја нејзина фотографија и комбинација, едноставно зрачи со позитивна енергија!
Прекрасната мала Русинка, Мирослава Дума, ги освои срцата на сите во модната индустрија со брзина на светлината. Во последно време ние сме обземени со нејзините труднички комбинации, кои се секогаш толку неодоливи!