Најголемата слатка куќа влезе во Гинис

7 декември 2013

Во Тексас е направена досега најголемата куќа од слатки,чоколада и бонбони. Како што пренесува CNN, група волонтери кон крајот на месец ноември завршиле со изградбата на куќата висока 6,7 метри, изработена од голам количина шеќер и брашно, еден тон путер и 7200 јајца, додека за украсување се употребени повеќе од 22 илјади бонбони и други слатки.

 

Слатката куќа влезе во Гинисовата книга на рекорди и досега ја посетија бројни посетители од чија влезница се собрани 150 илјади долари кои ќе бидат донирани во локалната болница. Ова неверојатно благо здание ќе биде отворено за сите посетители до 14-ти декември.

 

 

Објавено:
7 декември 2013
Категорија: 
Актуел