Најк ги негираше гласините за соработка со Кристен Стјуарт

11 март 2014

Спортската компанија Најк, ги негираше гласините дека заштитното лице за промоција на нивната  нова кампања ќе биде ѕвездата на Twilight, Кристен Стјуарт. Познатата актерка и популарниот бренд за патики, наводно биле во можни преговори, но ништо не конкретизирале.

„Кристен е многу талентирана и навистина не радува фактот што одлучи Најк патиките да бидат дел од нејзиниот секојдневен чекор, но мора да потенцираме дека ние немаме никаков договор, изјави портпаролот на Најк.

Стјуарт во една прилика изјави дека уште од дете е голем фан на овој бренд, а тоа го покажа на својата премиера во Лондон, кога на црвениот килим наместо со чевли на висока потпетица се појави во патики Најк. Во моментов Кристен е заштитно лице на парфемот Florabotanica, потпишан од модната куќа Баленсијага, а наскоро ќе почне со своите ангажмани за брендот Шанел.

Сепак, се чини дека Најк нема така лесно да се откаже од актерката, ако се земе во предвид нивниот нов концепт во поглед на промовирањето на производите. Компанијата сака да промовира нови видици и својата база на личности, каде фокусот е главно на спортистите да го прошири со актери, пејачи и модели.

Објавено:
11 март 2014
Категорија: 
Актуел