Брендот „Најк“ одлучи да им го олесни купувањето на оние со некој килограм повеќе, лансирајќи линија што ја дефинираат како плус-сајз.
Од брендот велат дека со ова сакаат да порачаат дека ги препознаваат силните, отворените и впечатливите жени, повеќе од било кога досега.
-Во светот денеска, спортот не е повеќе нешто што таа го прави, туку тоа што таа е. Деновите кога мора да додадеме „женско“ пред „спортист“ се минато. И сакаме да помогнеме во оваа културолошка измена, да ја поддржиме и различноста во спортот – како етничка, така и во однос на телото – изјавуваат од „Најк“.
Инаку, новата колекција не е поголема верзија на веќе постоечките парчиња, туку сосема нов дизајн, што е и потребно бидејќи, кај секого тежината е различно распределена, односно на различен начин во различни делови од телото.
За заштитни лица на кампањата се избрани Грејс Виктори и Даниел Ваниер.
Фотографиите следат во продолжение: