Најмагичната улица во Британија

27 декември 2017

Во овој период од годината сè е подредено на празничниот дух и магија. За волја на вистината, кај некои тоа е повеќе изразено, кај некое помалку, минимално или дури воопшто.

Но, Њу Милтон во Хемпшир е местото за кое ќе помислите дека е она од новогодишната реклама на „Кока кола“, место каде празничната магија едноставно ве обзема.

соседите од „Бајрон Роад“

Неодамна, ова место важи и за најдобро украсено. Поточно, улицата „Бајрон Роад“ е најубаво украсената улица во Британија.

Овој натпревар беше организиран на ниво на држава, а жителите на оваа улица ја освоија првата награда.

Инаку, наградата е 10.000 фунти и е наменета за хуманитарни цели, па оттаму посветеноста на овие луѓе да создадат магија со илјадници украси, светилки и декорации уште повеќе воодушува.

Нив не им претставуваат проблем ниту високите сметки за струја, бидејќи некои од тие куќи веројатно можат да се видат и од месечината. За некои се искористени дури и 100.000 сијалички.

Соседите со месеци планираат и се координираат со своите декорации. Тимската работа и посветеноста е она што ги донесе до првото место, презентирајќи не само празнична магија, туку и вистинска инспирација.

Инаку, традицијата во оваа улица ја започнал 70-годишниот Џед, пензиониран градежник, уште пред 13 години.

-Украсувањето со сијалички е нешто во што отсекогаш сум уживал. И ми се допаѓа изразот на лицата на луѓето кога светилките ќе се запалат – вели омилениот сосед.

Инаку, толку трае и традицијата со донациите. Имено, секоја година се собираат околу 50.000 фунти, кои се распределуваат на локалните организации на кои тие пари им се потребни. На тој износ годинава ќе додадат уште 10.000 фунти од победата.

Во продолжение погледнете дел од улиците кои беа во изборот за најубаво украсени во Британија.

Објавено:
27 декември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
357 пати