Најпопуларното парче од соработката на Ердем и H&M

23 ноември 2017

Соработката помеѓу Ердем и H&M предизвика големо внимание кај јавноста. Впрочем, ваквите соработки помеѓу познатите модни брендови и шведскиот гигант, традиционално се во фокусот на модната јавност, и до сега речиси сите се покажале како успешни.

Последната колекција, во која доминира дизајнерската естетика на Ердем карактеристична меѓу другото и преку флоралниот принт, изобилува со елегантни и романтични парчиња што веќе се хит и во уличната мода, но и на црвениот килим.

Едно од парчиња кое се издвои како најпродавано од оваа колекција, а го облекоа и голем број познати дами од шоу бизнисот меѓу кои и Кејт Босворт, е романтичниот макси фустан со карнери и со ситен цветен принт.

Истиот може да го најдете онлајн во продажба по цена од 270 до 300 фунти.

Објавено:
23 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
780 пати