Најсекси маж за 2017 година!

15 ноември 2017

Најсекси маж според магазинот People за 2017 година е Блејк Шелтон - кантри пејач, автор и музичар, дечко на Гвен Стефани и во меѓувреме еден од членовите на мега популарното музичко шоу за нови таленти „The Voice“ .

Првичната реакција на Шелтон кога му ја соопштиле веста е дека некој мора да се поигрува со него, додека девојка му го советувала: „Ако не ја примиш оваа круна на убавина ќе жалиш целиот свој живот“.

Познавајќи го неговиот ведар дух, шармантност, шеговитост, тој и оваа награда ја прима како една од оние кои се бизарни во светот на шоу бизнисот. На прашањето што ќе стори прво, тој ќе им одговори како едвај чека да ја покаже наградата на Адам Левин и да му ја затвори устата кој е кој во светот на сексапилот кај мажите, затоа што 2013 токму Адам беше прогласен за најсекси маж од People magazine.

„Грд сум цела година, ако може да сум секси барем годинава со задоволство ја прифаќам оваа награда“ -ќе додаде Шелтон.

Објавено:
15 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
272 пати
Извор: 
people.com