Најубавото лице за 2016 е Србинката Марија Жежељ

25 октомври 2016

На престижниот светски избор за Лице на годината 2016 (The Look of the year) што викендов се одржа на Сицилија, за најубаво лице е избрана Србинката Марија Жежељ (16) од Нови Сад.

Таа е прогласена за најубаво лице на светот со што го добива признанието TLY Beauty Award 2016, по што ќе и следуваат значајни модни ангажмани, се вели на официјалната страна на licegodine.com.

„Четврта година по ред, ова значајно признание е во наши раце", изјави Јелена Ивановиќ, директорката на матичната модна агенција на Марија Жежељ, Model Scouting Office.

Помеѓу најубавите девојки и годинава беше и нашата, македонска претставничка Ивана Караџова од Моделс ИН.

„Нашиот најголем успех е што Ивана стекна големо искуство и е дел од еден од најпрестижните избори за модели, воедно да се биде во центарот на едно вакво модно случување е голема привилегија за секој модел" ,изјави Алек Наумовски од нејзината модна агенција Моделс ИН.

Објавено:
25 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.398 пати