Во „Долби театарот“ вчера се одржа доделувањето на музичките „Билборд награди“. Кели Кларксон ја водеше манифестацијата, а на сцената се појавија и Алиша Кис, Сиа, Никол Ричи...
Кога се наградите во прашање, американскиот рапер Остин Ричард Пост, попознат како Пост Малоун освои девет од вкупно 16 номинации. Ја победи и Били Ајлиш во категоријата Изведувач на годината, а ги собра и статуетките за рап-албум, рап-изведувач, машки изведувач...
Били Ајлиш победи во категориите за женски изведувач, нов изведувач, и поп-албум.
Но, освен наградените, вчерашното издание на манифестацијата го одбележаа неколку моменти, кои ви ги презентираме во продолжение:
Емотивната изведба на Џон Леџенд на песната „Never Break“, која ја посвети на сопругата Криси Тајген. Пред две недели, поради компликации во бременоста, двојката го изгуби бебето.
Групата „En Vogue“ го изведе хитот „Free Your Mind“ и ја запозна новата генерација со хитот кој се појави во 1992 година и беше револуционерен. На Billboard Hot 100 chart таа година беше на осмото место.
И Шер се појави на ова издание на „Билборд“, да ја додели наградата „Билборд икона“. Таа се појави во мини фустан во комбинација со Џими Чу сандали и покажа дека и во 74 година изгледа фантастично!
Алиша Кис и Сиа ја збогатија манифестацијата со настапи. Алиша ја претстави новата песна, појавувајќи се во светкав комбинезон и фризура со шишки која одлично ѝ прилега. Сиа пак, остави впечаток со интерпретацијата, но и стајлингот кој може да се нарече „дупла панделка“ во интензивни бои.
Погледнете: