Наоми Кембел како Првата дама во посета на Гана

26 октомври 2013

Кој би можел подобро да претстави мода за Првата дама, ако не единствената и секогаш прекрасна Наоми Кембел!

Светскиот топ модел изгледаше неверојатно слично на Мишел Обама, позирајќи му на фотографот Вили Вандерпер во прекрасни дизајнерски елегантни парчиња во Гана, Африка.

Фотосесијата беше направена за магазинот W, под палката на модниот уредник Едвард Енинфул, и истата беше приказ на посета на Првата дама во Гана.

„Ова е еден вид на признание кон првата дама и нејзиниот стил  и евоцирање на оној, безвременскиот стил од 40 – тите и 60 – тите години, кој дури и денеска може да постои и да се оживее“, вели Енинфул.

Во прекрасната фотосесија Кембел носи неверојатно стилски парчиња од Нина Ричи, Армани, Прада, Диор, Проенза Шулер, Мајкл Корс и Азедин Алаја, додека се движи низ неколку места во Африка.

Објавено:
26 октомври 2013
Категорија: 
Актуел