Наоми Кембел во кревет со Рикардо Тиши

24 септември 2015

Креативниот директор на Живанши, Рикардо Тиши позира во провокативна фотосесија во кревет со неговите две музи, манекенките Наоми Кембел и Марија Карла Босконо, за октомвриската насловна на бразилското издание на Вог.

Триото позира пред објективот на фотографскиот двоец Луиџи и Ланго, стилизирани во целосно бели аутфити што ги одбра стилистката Кејти Ингланд.

Оваа година Тиши заокружува јубилеј од 10 години како дел од престижната модна куќа Живанши.

Објавено:
24 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
866 пати