Единствената Наоми Кемпбел изгледа подобро од кога и да е во фантастичен едиторијал за јубилејното издание на Вог Бразил.
Британската модна икона изгледа неверојатно шик во серија фотографии направени од Зи Нунес, додека позира низ улиците на Бразил со кул шминка и фризура.
На секоја од фотографиите таа носи неверојатно добри колоритни комбинации и позира на начин на кој само таа знае!
Неодоливата манекенка во јубилејното 41 – во издание на магазинот има дури 50 страници, меѓу кои и одлично интервју во кое говори за нејзиниот живот и кариера.
Во едно неодамнешно интервју за Си – Ен – Ен таа говореше и за единствената Ана Винтур која во 1989 – тата година се борела да ѝ обезбеди место на насловната страница на Вог како прва црна жена.
„Се сеќавам на таа фотографија. Ме фотографираа во сабота во Хемптонс. Ана ми даде огромна можност и навистина не знаев колку таа морала да се бори сѐ додека не го видов септемвриското издание“, се сеќава Наоми.
Таа беше и првиот модел со афроамериканско потекло кој се појавил на насловната на француското издание на Вог, откако Ив Сен Лоран се закани дека ќе ги повлече сите реклами од изданието доколку не ја стават на насловната.
„Во мојата кариера имаше многу предизвици кога е расизмот во прашање, но јас секогаш наоѓав начин да ги пребродам сите тие препреки. Никогаш не прифаќав не за одговор“, вели манекенката.
Во одличното интервју таа говори и за тоа дека никогаш не сака да ги гледа фотографиите на сет, бидејќи како што вели, таа секогаш има посебна врска со фотографот на кого му верува.
„Секогаш сум во исчекување на оној момент на изненадување, па затоа и не сакам да видам ништо додека не биде објавено. Секогаш сум се фокусирала на тоа да изградам добра врска со фотографот и не сум сакала да ги погледнам фотографиите ниту пред објава бидејќи не сакам да се мешам во работата велејќи не ми се допаѓа ова или она...“, посочува Наоми.
Таа додава и дека фотографиите треба да бидат одраз на тоа како луѓето со кои си работел на сет те гледаат и никако не сака да го смени тоа.
„Тоа е начинот на кој тие ме гледаат, тоа е нивната интерпретација за мене, па сакам и да остане така“, вели манекенката.