Нашиот модел Сандра Цветкова во едиторијал на реномираниот британски магазин „Wedding ideas“

23 јануари 2020

Кога си во Лондон сите опции се во игра велат добрите познавачи на модата. Како дел од модната агенција BMA Models е нашиот успешен модел Сандра Цветкова која веќе подолг период престојува во Лондон.

Неодамна ја сними рекламата за светски познатиот газиран пијалок 7 up , а деновиве е актуелна со најновиот едиторијал за реномираниот магазин WEDDING IDEAS. Цветкова веќе 5 години работи како модел и навистина е една од ретките која знае за професионалност и одговорност велат од нејзината матична агенција Моделс Ин Менаџмент.

Сигурни сме дека Сандра одлично работи интернационално и нејзините успеси го докажуваат она што и ние го знаевме, дека покрај нејзината убавина и шармантната насмевка Цветкова има храброст и доследност во нејзината работа. Искрено посакуваме вакви модели да нè представуваат во светот вели Алек Наумовски ко - сопственик на Моделс Ин.

 

Објавено:
23 јануари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.087 пати
Тагови: 
Моделс Ин