Нашиот модел Серџо Спасов носи елегантни костуми од новите колекции на Pierre Cardin и Armani

26 март 2018

Класичниот изглед со себе ја носи безвременската елеганција. Смокинг или класичен костум, се секогаш сигурен избор што остава доем на отменост и префинетост.

Со цел да се долови беспрекорноста на машката класика, деновиве е објавена новата кампања која е резултат на соработката познатиот машки модел Серџо Спасов од модната агенција Моделс Ин и City Fashion.

Познатиот модел, сега веќе заштитно лице на Pierre Cardin и Armani, носи уникатни парчиња комбинирани во одлични аутфити што оставаат печат на безвременост.

 

„Позади себе со веќе голем број проекти, Серџо одлично се вклопи во целата приказна и ја долови машката естетика во овие одлични комбинации. Остварен е договор за соработка и можеме со сигурност да кажеме дека очекуваме и нови проекти во блиска иднина кои ќе ни ги разубават страниците на модните магазини и портали", вели Алек Наумовски, од модната агенција Моделс Ин.

Објавено:
26 март 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
470 пати