Наскоро биографски филм за Одри Хепберн, Руни Мара во главната улога

10 јануари 2022

Биографските филмови се мошне популарни последниве години, а во низата такви остварувања, доаѓа уште едно - за Одри Хепберн.

За оваа холивудска актерка досега се снимени неколку филмови, објавени книги, но велат ваков каков што се подготвува досега немало.

Главната улога, односно Одри Хепберн ќе биде Руни Мара, а остварувањето ќе биде во режија на познатиот италијански режисер Лука Гвадагино. И Лили Колинс била потенцијална кандидатка за оваа улога, која на крај сепак ѝ припадна на Мара.

Според првите реакции, публиката го одобрува изборот Руни да ја игра Хепберн и поради физичката сличност, но и раскошниот талент. Воедно, Руни ќе биде и продуцент на филмот.

Снимањето ќе започне наскоро, а ќе се работи за стриминг платформата на „Епл“, од каде велат дека наскоро ќе откријат нови детали.

 

Објавено:
10 јануари 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
264 пати