Наскоро документарен филм за супермоделите од 90-тите години

13 октомври 2020

Наоми Кембел , Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон и Синди Крафорд ќе се обединат повторно, овој пат за потребите на новиот документарен филм за нивните „златни години“ насловен како „The Supermodels“.

Синди Крафорд ги најави убавите вести, посочувајќи дека се радува што повторно ќе ги види старите пријателки и што ќе имаат можност пред публиката да прикажат како терминот „супермодел“ и традиционалниот начин на воспремање на истиот се надминати.

Документарнинот филм ќе се емитува на платформата „Аpple +“.

 

Освен што ќе ја раскажат приказната, четирите дами одлучиле да бидат и извршни продуценти на филмот, додека за режијата е задолжена Барбара Копл, која досега има освоено два „Оскара“ токму во категоријата „Документарен филм“.

Фокусот ќе биде на главните карактеристики на моделките, како и на промените кои биле неминовни со доаѓањето на новите медиуми. 

Овие дами одбележаа една ера, па ќе биде интересно тоа што гледачите ќе имаат можност да видат досега необјавени снимки, како и интервјуа, а ќе откријат и како се случило токму тие да бидат ѕвездите кои ќе ги затвораат ревиите и кои ќе ги красат насловните страни на магазините во 90-тите години.

Во филмот ќе се осврнат и на другите полиња на интерес на кои се оствариле по завршетокот на кариерата. 

Покрај нив, во документарецот се појавуваат и некогашната уредничка на „Вог“ Франка Созани, како и дизајнерот Џани Версаче, но и фотографите Стивен Мајсел и Ричард Аведон.

Официјален датум на премиерата се' уште не е посочен.

 

 

Објавено:
13 октомври 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
173 пати