Наскоро законски прописи за фотошопирани и филтрирани Инстаграм фотографии?

6 октомври 2020

Периодов низ медиумите се шират фотошопирани фотографии од познати ѕвезди кои важат за едни од најубавите жени на светот. Инстаграм профилот @godess.women е целосно посветен на тоа да ги  „разубави“ со филтер.

Дури ни Моника Белучи, Џулија Робертс која и повеќе пати беше прогласувана за најубава жена од магазинот „Пипл“, или пак Анџелина Џоли, изгледа не се доволно убави според новите стандарди за убавина што се пропагираат на социјалните мрежи, па и тие добија своја фотошопирана верзија.

Пред неполни два месеца, Клои Кардашијан се најде во центарот на вниманието поради нејзините и повеќе од очигледни корекции на фотографиите.

Ова не е нов, ниту непознат проблем. Новите „стандарди за убавина“ успеваат да излажат голем број девојчиња, па целта не е да се биде различен, автентичен, природен, туку да се биде ист како другите. Да се користи ист кармин, иста пудра, да се има иста фризура, иста облека, исти пози на фотографии...

Сепак, за некого, оваа недоволно интересна тема за дискусија, посебно го привлече вниманието на доктор Лук Еванс, член на Комитетот за здравство и социјална заштита, лекар, а воедно член на парламентот на Обиденитетото Кралство. Тој состави Предлог закон, во кој се вели дека луѓето би морале да ги означат фотошопираните фотографии на социјалните мрежи. Ваквата иницијатива доаѓа од тоа што според него не постои доволна свесност дека лажните фотографии на социјалните мрежи „поттикнуваат криза на менталното здравје“ и создаваат „искривен поглед“ на она што се смета за убаво.

Сите социјални мрежи се поврзани со високо ниво на анксиозност, депресија и „страв од пропуштање на нештата“ (fear of missing out - FOMO), а воопшто не е ретка појава со создавање на негативната слика за телото и лоши навики при спиењето.

Воедно, важно е и прашањето зошто луѓето кои се свесни дека гледаат во фотошопирана фотографија која не е ни блиску со оригиналот, се ок со тоа и уште повеќе, упатуваат пофалби?

Едно неодамнешно истражување покажало дека речиси 50 проценти од млади девојчиња на возраст помеѓу 11 и 21 година, редовно користат апликации и филтери со цел на фотографиите да изгледаат „подобро“ отколку во живо.

 
 
 
View this post on Instagram

Please read the caption before you comment. Photo editing has been around a long time in traditional media, but it has become mainstream and extremely accessible recently thanks to a slew of dirt-cheap apps that are incredibly quick and easy to use and widely available. Anyone can now alter their appearance as they wish - I mean. you can even draw abs on yourself!⁣ ⁣ It's creating a serious problem - both for the person that alters their photos and for the people consuming those images. It's creating an unrealistic and unattainable beauty ideal that is giving entire generations feeling of inadequacy. Because how can we measure up to something that isn't even real??⁣ ⁣ It's for this reason and many more that I'm delighted at the new proposed bill that would require celebrities and influencers to declare that their pictures had been edited - in the same way that we have to declare sponsored work. To be honest, I'm not entirely sure how this would be enforced, but I am so here for it. I think it would create relief and perspective amongst so many vulnerable individuals who use these images as a benchmark for beauty. ⁣ ⁣ Do you agree with me - should declaring editing be mandatory? I'd love to know your thoughts.

A post shared by Alex Light (@alexlight_ldn) onSep 3, 2020 at 9:50am PDT

Статистиката веројатно не е изненадувачка, но апсолутно е тажна и поразувачка.

Можеби далеку поефективно решение би била забрана на користење на такви апликации, особено помеѓу малолетни лица, но од друга страна и нагласувањето дека објавената фотографија подлежала на фотошоп е добар почеток, што би влијаел на тоа девојчињата да не се стремат кон изглед на познати ѕвезди, блогери, инфлуенсери, кој реално и не постои, па оттаму и фрустрацијата што се различни од нив (која води и до други проблеми) би била далеку помала.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by GODDESS WOMEN (@goddess.women) onSep 10, 2020 at 12:40am PDT

 

Објавено:
6 октомври 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
9.010 пати