Не е лага: Нацртајте ги чевлите од вашите соништа и пратете му ги на Џими Чу

15 април 2020

Брендот „Џими Чу“ има одлична шанса за сите дизајнери ширум светот. Во ова време кога сите сме затворени дома, од брендот повикуваат на креативност.

Имено, тимот на брендот осмисли задача: Треба да ги нацртате своите „fanstasy“ чевли, а скицата да ја пратите на нивниот мејл или да ја објавите на Инстаграм со ознака #choosketch.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jimmy Choo (@jimmychoo) onApr 5, 2020 at 4:04am PDT

 

Првин ќе се одберат 10 најдобри, од страна на дизајнерката на брендот, Сандра Чои, а својот глас ќе може да го даде и публиката. Од тие десет потоа ќе бидат одбрани финални пет скици кои ќе бидат реализирани и ќе се најдат во нивната нова капсулна колекција.

Средствата од продажбата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Правилата детално се објаснети на нивнат официјална страна:

1. Скицирајте го вашиот дизајн од дома, потоа фотографирајте го или скенирајте.

2. Пратете го на мејлот:ChooSketch@JimmyChoo.com со вашето име, локација и име на дизајнот.  Повикот трае до 15 мај.

3. Сандра ќе одбере топ 10 дизајни кои ќе ги објави на Инстаграм профилот на брендот, по што следбениците ќе гласаат.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jimmy Choo (@jimmychoo) onApr 12, 2020 at 4:03am PDT

 4. Победниците ќе бидат објавени на Инстаграм.

5. За сите дополнителни услови кликнете на официјалната страна на брендот.

Сигурни сме дека Македонија има креативци и дизајнери кои би се пронашле во овој предизвик, па бидете хабри и обидете се. Немате што да изгубите.

Објавено:
15 април 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
5.988 пати