Не пропуштајте ги празничните попусти во Елена Лука: Оваа недела 30% намалување на сетови

28 декември 2020

Домашниот бренд Елена Лука се труди максимално на своите поддржувачи и консументите да им го разубави крајот на оваа 2020 година.

Во тој контекст, речиси цел месец нудат фантастични празнични понуди, кои не се пропуштаат. 

Така, периодот до 02 јануари е резервиран за 30% намалување на „co-ords“ сетовите. Тоа значи дека вашите омилени плетени комплети, тренерки и дел од понудата на свечени парчиња можете да ги најдете по фантастични цени.

Почестете некого или пак себе и дочекајте ја 2020 со Елена Лука, без разлика дали ќе одберете лежерна, топла, спортска или свечена комбинација.

Од брендот подготвија сетови за сечиј вкус, а комплетната понуда и цени можете да ги разгледате на онлајн продавницата на Елена Лука, како и во новиот showroom во населба Аеродром. 

Секако ова не е сè! Во тек се и многу други намалувања и на машката колекција, како и специјалните Christmas box понуди.

Искористете ја шансата да носите домашен квалитетен бренд по празнични цени

Објавено:
28 декември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
250 пати