Не знаеме дали да гледаме во новиот спот на Мараја Кери или во нејзиниот корсет?

20 декември 2019

Мараја Кери е секогаш популарна во ова време од годината, но сега имаме неколку нови вести за неа.

Одиме:

1. Хитот „All I Want For Christmas Is You“ е стар речиси 25 години, но за првпат годинава успеа да се искачи на првото месот на „Билборт Хот 100“ листата.  Откако песната е додадена на „Spotify“, од  авторски права досега заработила повеќе од два милиони долари, а бројката и понатаму расте.

Ако годинава биде налик на претходната Кери во рок од месец ипол ќе заработи околу 600.000 долари. Инаку, за овие речиси 25 години песната на Мараја ѝ донела повеќе од 60 милиони долари само од авторски хонорари.

2.За да го прослави првото место, Мараја одлучи да сними нов спот за божиќниот хит. Новата видео приказна, се разликува од оригиналната, со многу повеќе магија и секако светкави елементи, бидејќи кај Мараја сè мора да блеска!

Погледнете:

 

3.Овој момент посака и „Билборд“ да го одбележи, па соема е логично што Мараја е на насловната страна на последниот број на магазинот. Воедно, има и нова фотосесија, во која изгледа одлично и одамна не сме виделе така едноставни и впечатливи фотографии.

Погледнете ги:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey) onDec 19, 2019 at 9:28am PST

 

4. И последното, за кое подеднакво многу се зборува како и за претходните три точки - КОРСЕТОТ НА МАРАЈА. 

Имено, пејачката неделава беше дел од настанот за осветлување на Емпајер Стејт Билдинг, каде се појави во сребрена светкава тоалета. Но, она што сите го забележаа е корсетот што го носеше под фустанот, а поради кој нејзиниот струк изгледа нестварно тенко. Воедно, изгледа како да едвај дише. Но, исто така сме сигурни дека многу од жените „сè што сакаат за Божиќ е корсетот“. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Radio 27 Baldini (@radio27baldini) onDec 20, 2019 at 3:11am PST

 

Објавено:
20 декември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.091 пати
Тагови: 
Мараја Кери