Недела на модна револуција од 20 до 26 април: Да му покажеме на светот дека промената е возможна!

21 април 2020

Интернационалното движење Fashion revolution, кое има за цел да ја покрене свеста за нужното значење и улога на одржливата мода во редуцирањето на штетните последици на модната индустрија, од 20 до 26. април ја обележува Неделата на модната револуција (Fashion revolution week).

Глобалната кампања се имплементира и кај нас, на локално ниво, преку различни активности иницирани од Fashion revolution Macedonia, во кои секој од нас може да земе учество и да покаже свесност за личната одговорност.

Меѓу активностите е и предизвикот #WhoMadeMyClothes, во рамките на кој секој потрошувач има право да го праша својот омилен бренд или дизајнер, кој ја изработува неговата облека и какви материјали притоа се користат?

„Направете selfie со кое ќе го покажете брендот (за поголем ефект облечете го парчето наопаку) и прикачете ја фотографијата online на социјалните медиуми со опис: Who Made My Clothes? Користете го хаштагот - #whomademyclothes. Тагни го нашиот профил на твоето story или објава за да можеме да го објавиме за време на Fashion Revolution Week 20-26ти април за да придонесеме прашањето да дојде до вистинското место. Користи ### како: #frmk #fashionrevolution #WhoMadeMyClothes #WhatsInMyClothes. До крајот на месецот имаме интересни едукативни содржини, вебинари и предизвици на тема одржлива, транспарентна и етичка мода", организаторите го објаснуваат предизвикот кој има за цел да ја зголеми одговорноста и транспарентноста во циклусот на работата на сите произведувачи вклучени во модниот сектор.

Глобалното движење Fashion Revolution организира и интересен виртуелен настан - Fashion Question Time, на тема „Масовна потрошувачка: Крајот на една ера?" каде врвни експерти ќе дебатираат за иднината на модната индустрија, во склоп на FRW 2020.

Настанот ќе се пренесува во живо на 24 април (петок), во 12 ч. попладне (мк. време) и можете да го следите на YouTube овде: https://youtu.be/6CLM0YOjseU

Вебинарот се случува токму на седумгодишнината од несреќата во Рана Плаза и ќе служи како потсетување дека секогаш оние помалку привилегираните, на крајот ја плаќаат највисоката цена.

На 24 април 2013, поради лошата и невнимателна изградба на текстилниот комплекс Рана Плаза во Бангладеш, доаѓа до негово рушење, при што загинуваат 1133 текстилни работници, а над 2500 се повредени. Со тоа станува најголемата катастрофа што некогаш ѝ се случила на модната и текстилна индустрија.

Од тогаш всушност и како ангажирано движење започнува Fashion revolution движењето, а 24-ти април е официјалниот Fashion Revolution Day.

На овој ден сите дизајнери, брендови и бизниси во модната индустрија се предизвикани да учествуваат, со што би ја покажале или превземале одговорноста за луѓето од кои зависи нивниот успех.

Да му покажеме на светот дека промената е возможна!

 

Објавено:
21 април 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
230 пати