Нема да верувате што се крие во Живанши чизмите

14 август 2014

ZGivenchy-ai-2012-13

Шопингот е активност што треба да предизвика уживање и среќа, а не болка и шок. Но, на фитнес инструкторката Андреа Притчет и' се случило токму ова второто. Таа купила прекрасни црни чизми на Живанши, што успеала да ги најде на распродажба кај Нејман Маркус. Сепак, среќата не траела долго, бидејќи кога ги пробала, почувствувала дека во петата има нешто, пропратено со болка. Во внатрешноста на чизмата се криел за'рѓан клинец.

-Почувствував дека имам нешто кај стапалото и веднаш сакав да го извадам. Се шокирав кога видов дека има шајка во обувката - изјави Андреа за Њујорк Пост.

Менаџерите веднаш се обиделе да и' помогнат носејќи и фластер. Притчет успеала да ја фотографира чизмата, а потоа веднаш е префрлена во болница, каде примила инјекција против тетанус и силни антибиотици.

Zivansi

За сега се' уште нема никава реакциа ниту од Живанши, ниту од Нејман Маркус, а фитнес инструторката поднесе тужба на 75.000 долари

 

 

Објавено:
14 август 2014
Категорија: 
Актуел