Нема подобрување од здравјето на Џоан Риверс – можно е да остане „билка“

3 септември 2014

Семејството на популарната комичарка и авторка на емисијата „Модна полиција на каналот Е“,  ќе поднесе тужба против болница каде се лекува Риверс, бидејќи не се задоволни од третманот. Откако беше оперирана на гласните жици, сега докторите  претпоставуваат дека таа ќе остане како „билка“ или ќе и биде потребна инвалидска количка. Џоан која има 81 година е приклучена на апарати во приватна клиника во Њујорк. Во соопштение за медиумите нејзината ќерка Мелиса изјавува:

-Мојата мајка би била многу емотивна на вашата поддршка и молитвите кои пристигнуваат од целиот свет. Нејзината состојба и понатаму е критична и секако посакуваме што побрзо да се подобри, вели Мелиса.

Лекарите планираат да ја остават приклучена на апарати се до недела, но постои загриженост дека нејзината влошена состојба нема да се промени.

Во последните моменти од свесноста, Џоан се уште се шегувала и на сопствена сметка во контекст на нејзината долговечност, односно кажала дека ќе умре кога ќе има 100 години и дека истото ќе се случи јавно пред публика.

Објавено:
3 септември 2014
Категорија: 
Актуел