Нема повеќе да ги гледаме ангелите на шоуто на Victoria’s Secret

22 ноември 2019

По неколку месеци шпекулирање, вчера официјално е потврдена информацијата дека популарното модно шоу на брендот за долна облека Victoria's Secret, оваа година нема да се одржи.

Како што пренесува магазинот WWD, информацијата ја потврдил Стјуард Б. Бургдофер, заменик претседател во компанијата „L Brands", која е сопственик на брендот.

„Сметаме дека многу е важно да се развива маркетингот на Victoria's Secret. Шоуто беше многу значаен дел од градењето на брендот и беше битен и од аспект на извонредните достигнувањата во маркетингот. Бараме начин како да се подобри позиционирањето на брендот и комуникацијата со клиентите и тоа е приоритетот на кој е фокусиран Џон Мехас", вели во својата изјава за WWD.

Оваа одлука е донесена после неколкумесечните забележителни промени што ги направи брендот, а се однесуваат на нивната поголема инклузивност. Во тој контекст може да се посочат соработките со плус сајз моделот Али Тејт, како и ангажирањето на трансродовиот модел Валентина Сампајо за нивната атлетска линија.

Шпекулаците на оваа тема започнаа во мај кога поголем дел од манекенките ангажирани за шоуто отворено зборуваа дека постои можност повеќе да не се одржува, што се потврди пред крајот на оваа година.

Фото: Vogue

Објавено:
22 ноември 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.385 пати