Ненад Секирарски ќе биде дел од модната недела во Косово
•
24 април 2015
Во Приштина утре и задутре ќе се одржи Косово Меѓународна Модна Недела 2015, а на неа ќе се претстави нашиот познат дизајнер, Ненад Секирарски.
Тој пред косовската публика ќе ја презентира колекцијата со која беше дел и од изборот No1 Toп Модел во Светот кој се одржа во Берлин во ноември.
Колекцијата ја сочинуваат 21 креација, а пред сè свечени и елегантни тоалети, како и коктел фустани.
Освен Секирарски, меѓу учесниците ќе се најде и младиот дизајнер Златко Јовановски.
Инаку, ова е еден од поголемите модни настани во регионот, а ќе се одржи во Swiss Diamond Hotel Pristine. Настанот е во организација на Гечан Груп и РТВ21, а продуцент е Илир Геци.