Неочекуван раст на профитот на Версаче

28 март 2014

Вкупниот профит  на италијанската модна куќа Версаче се зголеми за 27,6 проценти во текот на изминатите 12 месеци. Овие бројки доаѓаат во време кога компанијата е во процес да продаде 20 проценти од своите акции на Blackstone, но по се изгледа тоа нема да се случи.

-Почетокот од 2014 година се покажа како добар, а за продажбата на акциите ќе одлучиме во месец април. Ефектите од нагорниот пораст на профитот ќе ги видиме кон вториот дел од годината, изјавува извршниот директот Џан Џакомо Ферарис.

Италијанската етикета веќе се соочува со двоцифрено зголемување на продажбата на мало во првото тримесечје од 2014 година, а има амбициозни планови за понатамошен развој преку проширување на малопродажната мрежа .

-Постојат многу пазари каде што немаме партнерства , вклучувајќи ја и Европа , а ние сме во потрага по неистражени области , како што се Кореја , Токио, Бразил, како и другите земји во Јужна Америка ", вели Ферари WWD .

Објавено:
28 март 2014
Категорија: 
Актуел