Несекојдневен предизвик: 100 дена носела ист фустан, а ова е резултатот

19 јануари 2021

Сара Робинс Кол е името на жената која одлучи престојот дома за време на ковид-пандемијата да си го направи поинтересен.

Во септември минатата година, се приклучила кон предизвикот „100 Day Dress Challenge“, на иницијативна на модниот бренд Wool&.

Правилото било едноставно - да се носи ист фустан 100 дена по ред. 

Ако евентуално се прашувате - да, секако дека го перела. Според правилата, перењето и сушењето на одбраното парче морало да се одвива вечерно време, за следниот ден да може пак да го облече.

Целта на предизвикот била да им се покаже на луѓето дека дури и кога велат дека нема што да облечат, имаат и тоа како вишок облека. А вушност, треба само да се вклучи креативноста.

Така, Сара за овој предизвик одлучила да одбере црн фустан, направен од мерино волна (но рециклирана), а мотивот ѝ бил да придонесе за заштита на околината, но и да види како ќе изгледа да се живее без брзата мода повеќе од три месеца.

Фустанот го носела на работа, на прошетка, дури и за вежбање. Како вели, најголем предизвик било одново и одново да смислува начини како да го комбинира.

За 100 дена успеала да добие 100 различни комбинации со истиот фустан.

„Овој предизвик ме поттикна да не купувам нова облека и модни додатоци во периодот од 1 јануари оваа и 1 јануари следната година. Сфатив дека, во моите години, имам доволно облека за сите пригоди, па дури и да ми треба балски фустан, знам дека ќе го најдам во својот гардеробер“, вели Робинс, која инаку е свештено лице.

Ние одвоивме неколку нејзини модни решенија за предизвикот, а сите можете да ги видите на нејзиниот инстаграм профил, кој го отвори за потребите на предизвикот и кој за кратко време го заследија неколку илјади луѓе:

 Резултатите од предизвикот кој го прифатила и една професорка, можете пак да ги видите тука.

 

 

Објавено:
19 јануари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
18.664 пати