Неверојатната трансформација на Кристи Тарлингтон за LOVE

25 јули 2014

Една од најубавите жени на светот и дел од култното друштво совршени модели од 90 – тите, Кристи Тарлингтон е тотално непрепознатлива во последниот едиторијал за потребите на модниот магазин LOVE.

Дека таа сѐ уште го има оној икс – фактор во себе и умее да се трансформира како никој друг, докажуваат и овие фотографии на кои изгледа многу постаро од она што вистински е.

На истите, можеме да ја видиме прекрасната манекенка со долга, бела коса, многу интересни и несекојдневни стајлинзи и интензивна шминка.

За стајлингот на 45 – годишната манекенка овојпат беше задолжен модниот уредник на магазинот Панос Јипанис кој токму на неговиот Инстаграм профил ги сподели и првите фотографии од едиторијалот со Кристи.

Тој создаде навистина моќни стајлинзи и ултра впечатлива шминка и фризура со кои прекрасната Кристи дефинитивно наликува на Марија Антоанета.

Погледнете ја одличната транформација на неповторливата модна икона од 90 – тите!

Објавено:
25 јули 2014
Категорија: 
Актуел