New York Times Style Magazine му се поклони на генијалниот Александар Меквин

25 август 2014

Во септемврискиот број магазинот „The New York Times Style Magazine“, реши да му оддаде посебна почит на модното творештво на реномираниот моден дизајнер Александар Меквин со изработка на едиторијал, насловен „Wild Romance“(Дива романса).

Британскиот модел Еди Кембел, заедно со својата колешка Стела Тенант се главните хероини кои ја имаа можноста да направат едно кратко патување низ времето презентирајќи ги моделите на Меквин изработени под креативната насока на Сара Бартон. За фотосесијата користени се модели од колекциите во последните две години, почнувајќи од пролетната за 2012 година, па се до најновата за есен-зима 2014 година.

Зад фотообјективот застана одличниот фотограф Карим Садли кој им даде навистина интересен фокус на креациите стилизирани од страна на Џо Мекена. Списанието работата на Меквин ја оцени како генијална и неповторлива. Погледнете ги фотографиите и уживајте во галеријата

Објавено:
25 август 2014
Категорија: 
Актуел