Малку мистерија никогаш не е на одмет! А дека таа секогаш „пали“, докажаа и овие две анонимни девојки кои решија на нивниот Инстаграм профил да објавуваат супер кул комбинации, но да не ги прикажат лицата.

Впрочем, тие се модни блогерки кои носат неверојатни парчиња од најпознатите модни куќи, но одоздола секогаш се облечени со маскирно одело кое не дозволува да им ги видиме лицата.

Нивниот Инстаграм профил се вика „Checking invoices“, а е уште еден во низата на кои можеме да видиме пародии на она што денеска се случува во модниот свет, но на еден пософистициран начин.

На социјалната мрежа за кратко време добија повеќе од 30.000 следбеници, а секојдневно објавуваат фотографии од тренди комбинации со некои од најпосакуваните парчиња во моментов.

Во описот на нивниот профил стои дека се работи за две девојки, од кои едната ги прави комбинациите и позира, додека другата ја следи и постојано ја фотографира.

Иако нивната желба е да останат анонимни, медиумите пишуваат дека всушност станува збор за две Гркинки со адреса во Милано.

Нивниот профил дефинитивно е освежување во време кога сите знаат сè за секој, па ваквата мистерија дефинитивно е добредојдена.

Овие две девојки и нивната идеја се одличен начин за брендовите да се рекламираат, па така за кратко време тие остварија соработка со некои од најголемите модни куќи.

Инфо: Fashion.hr

Фото: Instagram

Објавено:
23 јули 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
321 пати