На 4-ти септември во Линколн центарот во Њујорк ќе се одржи 10-јубилејно издание на „Style Awards“ во рамките на Мерцедес-Бенз модната недела, а водителка на овој мега настан од модниот свет ќе биде ријалити ѕвездата Никол Ричи. Годинава на црвениот килим ќе зачекорат едни од највлијателните и најпознатите дизајнери, стилисти, манекенки, фризери и шминкери. Зак Посен, Кејт Аптон, Виктор Круз, Рејчел Зое, Мед Мен, се само некои од имињата што со сигурност ќе присуствуваат и ќе очекуваат награда.
Оваа година наградите ќе бидат поделени во неколку категории и тоа: дизајнер на годината, модел на годината, стилски спортист и фризер на годината, костимограф и фризер. 10-то издание на „Style Awards“ нема да биде пренесувано во живо, туку ќе му се прави пост-продукција за на 14-ти септември да осамне на фреквенцијата на CNN.
style awards 2012