Првиот преглед во музејот на современа уметност финансиран од групацијата LVMH во Париз ќе биде отворен на 27-ми октомври во рамките на Париската модна недела. Не случајно дизајнерот и креативен директор Никола Гескиер ќе ја презентира својата колекција за француската модна куќа. Шанса да влезат во зградата ќе имаат можност само оние што се поканети од Луј Витон.
Инаку, зградата за новиот музеј е комплетно дизајнирана од страна на канадскиот архитект Френк Гери. Тој го дизајнираше гигантскиот „облак’ кој на прв поглед се чини дека лебди низ крошните од дрвјата . Целиот објект зафаќа површина од неверојатни 126.000 квадратни метри, а во него се сместени 11 галерии, конференциска сала која собира 350 луѓе и тераса со поглед кон градот на светлината, Париз.