„Никон“ нуди бесплатни онлајн часови за фотографија

28 април 2020

Одлична шанса за љубителите на фотографијата. Од „Никон“ до крајот на месецов нудат бесплатни онлајн часови за фотографија. На нивната инстаграм страна пак, посочија дека дел од курсевите ќе бидат достапни бесплатно и во текот на мај.

Така што, не пропуштајте ја можноста.

Во зависност од тоа што ве интересира, ќе можете да следите различни предавања. Така, за почетниците има посебен вовед во Основите на фотографирањето, потоа посебни се часовите за фотографирање деца и домашни миленици. Во посебен дел е одделено и предавањето за „travel photography“ , а оние што ги интересира создавањето музички видеа, исто така ќе има што да слушнат.

Кликнете  на следниве линкови и искористете ја поволноста што се нуди во време на изолација:

Никон онлајн училиште

Никон онлајн курсеви

Објавено:
28 април 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
763 пати
Тагови: 
фотографија