Нина Бадриќ важи за една од најпопуларните балкански музички диви, но и вљубенички во модата што и секојдневно го докажува објавувајќи фотографии од одлични комбинации на нејзиниот Инстаграм профил.
Дека секогаш знае да носи внимателно одбрани комбинации покажува и на музичките настапи кои летово ги има во изобилие.
Последно, таа воодушеви на концертот во Задар на кој се појави во бел костим со црни детали и секси елече одоздола.
Истиот го надополни со сандали на висока потпетица, едноставна фризура и минимална шминка. Дека летово е заљубена во белите комбинации, можеме да забележиме и по фотографиите што во последно време ги објавува на Инстаграм, а на кои ужива во нејзината родна Хрватска во претежно бели парчиња.
На една од фотографиите можеме да ја видиме во лежерно бело фустанче украсено со сини листови, на друга во романтично фустанче со тантела, а на една пак во супер комбинација од сребрено здолниште со црно бела свилена маичка.
Очигледно, таа е заљубена во белата боја ова лето, па одбра и еден од неодоливите фустани на познатиот бренд Self Portrait, комбинација со црни детали и карнер во пределот на рамената.
Погледнете дел од комбинациите на музичката дива која неодамна го прослави 46 – тиот роденден.
Фото: Instagram/Nina Badric