Ниту една зима не трае вечно – видео од работници од Кина за враќање на вербата

18 март 2020

Брунело Кучинели, основач и сопственик на познатиот италијански моден бренд што го носи неговото име, на својот профил на Инстаграм објави видео порака од вработените во негов бутик во Кина, кои после долгиот и мачен период како последица на коронавирусот, сега повторно се враќаат на работа.

Преку видеото, тие испраќаат порака со поддршка до Италијанците повикувајќи ги во заедничка борба за подобра глобална иднина.

„Ниту една зима не трае вечно и ниту една пролет не може да го прескокне својот ред", велат вработените во видеото, притоа користијќи го невербалниот јазик на телото во намерата да покажат љубов и поддршка.

Брунело Кучинели

Во описот на видеото, Брунело подвлекува дека храброста и силата со која нивните пријатели во Кина се соочуваат со „невидливиот непријател", е голема инспирација и надеж за целиот свет.

„Ви благодарам од срце за вашата емпатија. Заедно ќе успееме да го пребродиме ова", напиша сопственикот на брендот кој е познат по својата хуманитарна и филантропска работа.

Неговата компанија на крајот на секоја година издвојува 20% од својот профит и низ сопствената фондација парите ги донира на различни проекти кои се дел од хуманитарни акции.

Извор: Инстаграм

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Brunello Cucinelli (@brunellocucinelli) onMar 13, 2020 at 10:17am PDT

Објавено:
18 март 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.290 пати