Њујорк добива машка модна недела?

6 декември 2014

 

На својата модна агенда, градот Њујорк наскоро ќе додаде уште еден важен датум. Станува збор за новата одлука на Советот на американски модни дизајнери – CFDA, која сè уште не е потврдена, а се однесува на воведување на машка модна недела.

За да им се олесни промоцијата на машки колекции на американските дизајнери кои досега за своите промоции на новите линии мораа да патуваат преку океанот во модните метрополи Милано или Париз, како и неодамна воведената машка модна недела во Лондон, Њујорк, според неофицијални информации наскоро ќе има своја недела посветена на машка мода. Моментално презентациите на машките линии во Њујорк се одржуваат во склоп со женските модни недели.

Стивен Колб кој е главен и извршен директор на Советот на модни дизајнери на Америка  - CFDA, земајќи го во предвид овој проблем испратил писма до сите членови на CFDA, да размислат за одлуката да се воведе машка модна недела во Њујорк, давајќи им и конкретна временска рамка која е во согласност со другите меѓународни модни настани. Каков ќе биде одговорот и исходот на целата иницијатива покрената од Колб останува да видиме.

Објавено:
6 декември 2014
Категорија: 
Актуел