Нов раскошен амбиент во ателјето на Елена Лука

3 мај 2016

Топол, пријатен амбиент и раскошен ентериер според сите светски стандарди, ќе ве пречекаат во реновираното ателје на модната куќа Елена Лука во Капиштец.

Земјените тонови што преовладуваат во просторот создаваат чувство како да сте дома, а деталите потенцирани со златна боја го задржуваат луксузниот сензибилитет.

Овде е изложена и новата капсулна пролетна колекција на Елена Лука, изработена од пријатни, лесни материјали соодветни за пролетно-летниот период, а обоена во палета на бои што се тренд за оваа сезона: зелена, индиго, капучино, црна и бела, како и точкасти и пругасти принтови.

Елена Лука е препознатлива и по изработката на уникатни свечени тоалети, па за матурантките и годинава нашиот домашен моден бренд нуди идеален избор на матурски креации со автентичен дизајн, со акцент на рачно изработените детали и изборот на квалитетни материјали.

Во продолжение преку фотографии ви прикажуваме дел од новиот амбиент.

Објавено:
3 мај 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.208 пати