Нова „Барбери“ кампања на Бруклин Бекам

11 јули 2016

Бруклин Бекам сѐ повеќе е инволвиран во модната индустрија. Минатиот месец беше дел од големиот едиторијал за кинеското издание на „Вог“. Овој пат пак, најстариот син на Бекамови е од другата страна на апаратот и тоа за потребите на новата кампања на „Барбери“, поточно за „Барбери Брит“ парфемите.

Британската модна куќа одлучи повторно да му да даде довербата, верувајќи во неговиот талент.

Снимањето се одвиваше во Лондон, а дел од кампањата беа новите британски лица – Бен Рис, Луис Хелим, Тод Дориго, Елиза Томас, Лив Масон Пирсон, Меди Демејн, Карвел Кондау и Хери Поурдџис.

Тие што ќе го купат парфемот ќе имаат можност да ја изберат нивната омилена фотографија од 36-те од кампањата во форма на постер.

Инаку, ова 17-годишно момче е и модел, игра фудбал, скејта... После фотосесијата за брендот во јануари, Кристофер Бејли одлучи дека тој е добар избор и за најновото од „Барбери“.

-Бруклин има одлично „око“ за фотографија и Инстаграм е одлична реклама за него, како платформа на која може да го покаже својот талент. Неговиот стил и став се токму она што сакавме да прикажеме, она што треба да биде духот на новата „Брит“ кампања и многу ми се допаѓаат фотогрфиите што денеска ги направивме. Сѐ изгледа неверојатно – изјави креативниот директор на брендот за време на снимањето на кампањата.

Инаку „Барбери Брит“ за жени вклучува три парфема: Burberry Brit For Her Eau De Parfum и Eau De Toilette; Burberry Brit Rhythm Floral Eau De Toilette; и Burberry Brit Sheer Eau De Toilette.

Машката линија пак ја сочинуваат Burberry Brit For Him Eau De Toilette; Burberry Brit Rhythm Eau De Toilette; и Burberry Brit Splash Eau De Toilette.  

Објавено:
11 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
242 пати