Откако за прв пат во јавноста се појави на насловната страна на германскиот Вог, младата Лени Клум сега го оствари својот нов професионален ангажман за списанието Hunger. Шестнаесет годишната ќерка на манекенката Хајди Клум застана пред објективот на фотографот Ранкин, кој таа на својот Инстаграм профил го нарекува „чичко Ранкин“. Истиот фотограф пред 16 години ја сликаше Хајди со Лени како бебе во рацете.
View this post on Instagram
Лени тргнува по стапките на својата мајка, а дека ќе биде една од најбараните манекенки на денешницата, потврди и самиот магазин. Објавувајќи ја сликата на својот Инстаграм профил, од Hunger напишаа дека Лени Клум е името кое треба да се навикнете да го слушате.
Смиреноста пред камерата, карактеристична за Хајди е доблест која ја наследила и младата Лени. Фотографиите се во црно-бел формат, а без разлика што девојчето штотуку почнува со својата кариера, веќе има 590.000 следбеници на Инстаграм.
Инаку, Лени е ќерка на Хајди Клум и италијанскиот бизнисмен Флавио Бриаторе, но беше посвоена од стана на Сил, кога стапи во брак со нејзината мајка.