Нова фотографија и „Барби“ кукла за 96 роденден на кралицата Елизабета

21 април 2022

Британската кралица Елизабета денеска го прославува 96 роденден. Како пренесуваат тамошните медиуми, прославата ќе биде во рамки на семејството на имотот во Норфолк.

По овој повод, организаторите „Royal Windsor Horse Show“ објавија фотографија од кралицата направена минатиот месец во дворецот Винзор. На фотографијата Елизабета стои гордо помеѓу своите миленичиња Бајбек Кејти и Бајбек Најтингејл, облечена во темнозелен капут, односно пелерина.

 

Инаку, ова е прв роденден на кралицата кој ќе го прослави без својот сопруг принцот Филип, кој почина минатиот април во 99 година. 

Покрај оваа фотографија, на социјалните медиуми на кралското семејствот се појави уште една фотографија, овој пат од приватната архива на кралицата, направена на нејзиниот втор роденден.

И компанијата „Mattel", која ја произведува најпознатата играчка Барби, ѝ го честиташе роденденот, претставувајќи ја куклата со ликот на кралицата. Воедно, овој гест е во чест и на 70 години владеење, кои се одбележуваат токму годинава.

Објавено:
21 април 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
502 пати