Нова колекција на Џастин Тимберлејк за Вилијам Раст
•
17 мај 2014
Овој пат шармантниот Џастин Тимберлејк лансираше нова колекција, но во рамките на сопствениот бренд Вилијам Раст, кој го основаше во 2005 година заедно со пријател од тинејџерските години, Трејси Ајала.
Првата колекција беше со тексас парчиња во кежуал стил, а овој пат музичарот за сезоната есен/зима 2015 година, создаде колекција која ја изразува неговата созреаност во однос на модните трендови и стајлинзи, пред се поради парчињата кои ја следат линијата на женската силуета. Во продолжение погледнете ги фотографиите со кои се најавува новата колекција на Џастин Тимберлејк.