Нова специјална уметничка едиција на W magazine

20 мај 2014

Во рамките на добро познатото списание W Magazine, главниот и одговорен уредник Стефано Тонка реши да почне со дистрибуција на ново списание кое што ќе биде тотално фокусирано на уметноста насловено magazine W Art и ќе излегува два пати во годината.

Целта на Тонка е иницира поголемо доближување на уметноста со модата. Заедно со неговиот пријател Дејвид Мопан, ко-основач на галеријата Леман Мопин, Тонка сака модните дизајнери да почнат да ги афирмираат музеите како средини за творештво и инспирирација и на тој начин да ја актуализираат уметноста како општествена гранка кој што е во тесна врска со модата. Во контекст на ова, тој одлучи да лансира нова специјална едиција на списание наречена W Art, која што ќе излегува два пати годишно. Својата прва печатена верзија на новата едиција на списанието се очекува да излезе на 27-ми мај.

„Овој магазин е повеќе наменет за народот. Првата едиција е украсена со портрети Фарел Вилијамс, дело на Алекс Катз и Роб Пруит, француски улични уметници“, открил за Њујорк Тајмс, Стефано Тонка.

Објавено:
20 мај 2014
Категорија: 
Актуел