Викендов во креативното студио на „Преплет“ се случи промоцијата на нивните производи од колекцијата есен/зима.

 

Двете креативни девојки Магдалена Дилевска и Викторија Ланговска повторно создадоа преслатки производи, овој пат повеќе концентрирани на домот.

Како и секогаш, во нивната нова колекција се најдоа супер слики со интересни пораки, слатки шолји за чај и утринско кафе, сетови од производи потребни за готвење и што уште не.

Дел од нивната колекција се и прекрасни украси за домот, нотеси и стикери со инспиративни пораки, како и чинии во кои секое јадење станува повкусно.

 

Во галеријата погледнете ги новите производи од колекцијата есен/зима на креативните девојки од Преплет.

Објавено:
2 ноември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.133 пати