Новата кампања на „Асос“ ги воодушеви жените

8 април 2019

Новата кампања на брендот „Асос“ ја разбранува јавноста. Тимот на онлајн продавницата одлучи да престане со користење на „Фотошоп“ и слични алатки, па со тоа да ги претстави моделите онакви какви што се. 

Така, во најновата кампања, манекенката се појавува со стомаче кое го имаат речиси сите жени. Интересно е што фотографијата стана вирална откако сосема непозната жена ја сподели на Твитер профилот со коментар дека е благодарна што „Асос“ одлучи да сподели токму такви фотографии.

Досега објавата има преку 16.000 споделувања, а реакциите се повеќе од позитивни. Корисниците на социјалните мрежи упатуваат апел и до другите брендови да го следат овој пример.

Посебно е позитивно што преку ваквите примери се враќа реалната претстава за женското тело, која со години наназад е искривувана и доведува до фрустрација и незадоволство. 

 

 

Објавено:
8 април 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.455 пати