Новата колекција на Кејт Мос за Топшоп предизвика лудило во Лондон

30 април 2014

Прекрасната Кејт Мос беше во центарот на вниманието во продавницата на Топшоп во Лондон каде за прв пат ја прикажа нејзината колекција за гигантскиот стрит бренд.

Облечена во тренди светкав женски костим со лежерна црна свилена блузичка одоздола, таа ги поздрави сите присутни и нејзини обожаватели од специјално изградената сцена во продавницата на Топшоп.

Пред продавницата на Топшоп во Лондон се собраа огромен број фанови на Кејт Мос, но и обожаватели на брендот кои што едвај го чекаа лансирањето на новата колекција на прекрасната манекенка.

Во продавницата на Топшоп се појавија и голем број британски ѕвезди меѓу кои и актерката Сиена Милер, која изгледаше неверојатно во ултра модерниот кус фустан во сива боја.

За да го прослави лансирањето на новата колекција за Топшоп и секако огромниот интерес за истата, таа организираше свечена вечера во The Connaught Hotel во Лондон каде се појавија голем број на познати личности и пријатели на манекенката.

Меѓу нив се најдоа топ моделот Наоми Кембел, Суки Ватерхаус, Кара Делевињ, дизајнерката Стела Мекартни и многу други.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од забавата и од прикажувањето на колекцијата во продавницата на Топшоп во Лондон.

Објавено:
30 април 2014
Категорија: 
Актуел