Нови дестинации во книгите на Луј Витон

12 март 2014

Реномираната модна куќа ги претстави двете нови книги кои се дел од проектот Travel. Овој проект е начин за промоција на веќе етаблирани уметници и нови надежи, кои во свој стил даваат интересна интерпретација на земјите кои ги посетиле или ќе ги посетат во иднина. По изданијата посветени на Париз, Лондон, Њујорк и Исланд, на ред се романтичната Венеција и егзотичниот Виетнам.

Спомените од Венеција на сопствен начин ги презентира јапонскиот уметник Јиро Танигуши, а за Виетнам, тоа го направи италијанскиот цртач на стрипови, Лорензо Матоти. Коверот на книгите кои се во лимитирано издание се изработени од кожа, потпишани се од уметниците и се продаваат во продажните салони на Луј Витон.

Објавено:
12 март 2014
Категорија: 
Актуел