Нови детали: „Ѕверката“ нема да биде дел од продолжението на „Сексот и градот“

22 февруари 2021

Откако HBO Max најави дека ќе гледаме нови епизоди на „Сексот и градот“, секојдневно се појавуваат нови детали.

Саманта Џонс, односно актерката Ким Катрал нема да биде дел од продолжението, како ниту актерот Дејвид Ајгенберг, кој го гледавме како Стив, сопругот на Миранда.

Во една пригода, запрашана кој би сакал да ја замени, ако постои таква опција, Катрал одговорила Софија Вергара или Тифани Хадиш. Изборот на Паркер бил пак, Елен де Џенерис.

Но, Сара Џесика Паркер во последното интервју за „Венити Фер“ откри и нови детали, а фактот дека ниту Ѕверката нема да го видиме повторно, разочара многумина.

Од она што актерката го сподели со читателите на магазинот, продолжението, кое всушност претставува мини серија, ќе го носи насловот „And Just Like That“ и ќе има 10 епизоди.

Во нив, познатите пријателки, сега веќе во 50-тите години од животот, ќе ги гледаме во нови ситуации. Миранда и Шарлот имаат деца тинејџери, а и корона-вирусот ќе биде дел од секојдневието на главните ликови.

 

Објавено:
22 февруари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
187 пати