Нови дизајнери го освојуваат регионот

2 декември 2014
Модната манифестација Balkan Art Fashion Event помина во духот на совршениот минимализам, авангарда, класика, етно и готика кои се преплетија во текот на пет дена од програмата.Со модниот перформанс „Live Dolls“,  на дизајнерките Марина Миќановиќ и Светлана Благојевиќ,  V BAFE е свечено затворен, гласи во соопштението од организаторите. Младите дизајнери од Србија и регионот ги презентираа своите гледишта за современата мода, црпејќи ја инспирацијата од најразлични стилови.
„На ноемврискиот Balkan Art Fashion Event беше присутен нов и креативен пристап во креирањето, што има особена сила и свежина кога се млади автори во прашање. Тоа ни дава надеж и нова енергија која на нашата модна сцена повеќе од потребна, истакнува Лука Опачиќ, генерален менаџер на настанот.

Мe and the machine Мe and the machine

Me and the machine, Круно Јендријев, Оља Стојановиќ, Стеван Божановиќ, преку своите креации изработени од смели материјали како неопрен и пластика, јасно го означија футуристичкиот правец од нивниот дизајнерски сензибилитет. Етно мотивите и нивната стилизација со современите елементи, исто така придонесоа за свежина во колекцијата „Спомени“, на дизајнерот Ѓорѓе Башчаревиќ.

Круно Јендријев Круно Јендријев

Креациите на 19 годишниот Стефан Ристиќ, овој пат беа интерпретирани под насловот „Предатор“, инспирирани од црната пеперутка и нејзината сила изразена на ефектен начин.

Стефан Ристиќ Стефан Ристиќ

Во програмата на третата вечер, дизајнерите Лазар Илиќ, Иван Јакиќ, Тијана Милуновиќ, покажаа елеганцијата на црните тоалети, богатиот накит и класичните силуети. Андреа Јовановска и Милица Кандиќ, со комбинациите од војничкиот стил и цветен принт, на различни начини создале портрет на храбра, но и нежна девојка.

Лазар Илиќ Лазар Илиќ

На четвртиот ден од агендата, блогерката Јелена Вишњиќ  одржа предавање за тоа колку е важно да се следи сопствениот инстинкт и инспирација кога модата е во прашање. Додека петтиот ден беше организиран за изложбата на фотографии „Случајни пролазник“ на авторката Ивана Илиќ. Преку оваа изложба таа покажа разновидност и необичност на обичните луѓе во градскиот превоз, видени преку окото на еден костимограф.

Главната цел на овој настан е запознавање на јавноста со новата генерација на млади модни создавачи од Србија и земјите од регионот. Посебно внимание се посветува на поттикнување на развојот на авторите,  кои модата и облекувањето не го сфаќаат само како една гранка на индустријата, туку и како уметнички перформанс кој се одвива на модна писта, но и на улица.

Објавено:
2 декември 2014
Категорија: 
Актуел