Нови парчиња од соработката Балман x H & M

9 септември 2015

На 5 – ти ноември конечно ќе бидат објавени сите парчиња од колекцијата на Балман за шведскиот гигант H & M.

Од модната куќа одлучија да објавуваат по неколку парчиња со кои сѐ повеќе ги привлекуваат нивните обожавателки кои едвај чекаат колекцијата да биде донесена во продавниците.

Овојпат, британскиот магазин Ел имаше можност да објави уште неколку од креациите кои нам особено ни се допаѓаат.

Станува збор за неверојатно тренди бундичка во зелена нијанса со кожени детали, комбинирана со шик кошула и тесни панталони во црни – бели пруги.

Брендот објави и фотографија на која можеме да видиме комбинација од црни панталони и краток топ надополнети со долг елек и шик сандали со ремчиња.

На последната, можеме да видиме едно од најпрепознатливите парчиња на Балман, украсените и шик фустани, овојпат во розово - црвена нијанса.

Обожавателките на Балман веруваме дека ќе бидат обземени и од бројните чифта чевли што дизајнерот ги подготви само за H & M.

Објавено:
9 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.234 пати