„Елена Лука го сака ГТЦ“, „Елена Лука го сака Скопје“

Новиот модерен showroom на Елена Лука во ГТЦ - љубов на прва посета

16 јануари 2021

Познатиот домашен бренд Елена Лука со отворањето на вратите од новиот showroom денеска, започна ново модно поглавје, овој пат во срцето на градот.

Се работи за нов, модерен простор на првиот кат во Градскиот трговски центар, кој ќе ве освои уште при првата посета. Штом влезете ќе ве обземе просторот уреден по светски стандарди - простран, светол, во топла атмосфера и со огромен избор на креации и за жени и за мажи, за комплетен изглед , нуди можност за релаксирано, безбедно и убаво модно уживање. И макар на момент ќе се оттргнете од секојдневието и ќе се нурнете во комплетната убавина што ја нуди.

Оние кои денеска имаа можност први да се уверат во ова, воедно ја дадоа и својата потврда дека вакво место за шопинг, но генерално и место каде што модата “дише“, било и повеќе од потребно.

-Секогаш сум задоволна од моделите на Елена Лука, овој бренд отсекогаш бил близок до она што е тренд на светско ниво. Веста дека има ново продажно место во ГТЦ ме израдува премногу, бидејќи овој трговски сепак е во центарот на градот и вреди да се биде тука присутен. Навистина сум задоволна од сето ова што денеска го видов, за што говори и фактот дека се почестив со ново парче од Елена Лука - ни изјави Александра, една од дамите кои денеска меѓу првите го посетија новиот простор.

Нејзините впечатоци ги делеше и уште еден познавач на работата на домашниот бренд.

-Среќна сум што се наоѓам во овој ексклузивен бутик. Елена Лука ја пратам подолго време и со полно срце дојдов да видам како ќе изгледа просторот во ГТЦ, како ќе зрачи и секако зрачи како и сите други салони - прекрасно, ексклузивно. Она што го видов како производ овде е многу допадливо, ми се допаѓа што има многу парчиња што може да се комбинираат, има и обувки, ремени, а знам и да си се почестам со некое парче со нивен потпис. Така што можам да кажам се' најдобро, да посакам среќа и да се шират и понатаму, бидејќи брендот навистина заслужува - посочи Лиле

Со убава мисла, желба за што повеќе среќни денови во претстојната година, како и со желба за што повеќе љубов и меѓусебна поддршка, брендот подготви многу изненадувања за посетителите, специјални намалени цени, нови дизајни...

-Навистина посакував место во Скопје, каде што ќе влезам и ќе имам се' на едно место - и облека и обувки и модни додатоци. Многу ми се допаѓа ова што го видов денеска, особено се радувам што најдов многу парчиња што ми го привлекоа вниманието, бидејќи да се најде нешто за нас повозрасните е навистина ретко денес и драго ми е што конечно има место на кое ќе му се враќам, кога е модата во прашање - вели уште една посетителка.

Овие реакции се само потврда за добро завршена работа и доказ дека модниот бренд ревносно ги следи потребите на сите оние што веќе се дел од семејството на Елена Лука, но и на оние што допрва тоа ќе станат.

-Се радувам што оваа 2021 ја започнуваме со нова модна приказна и предизвик, овој пат во Градскиот трговски центар, еден од симболите на овој град. Неуморно работевме периодов и ова е убава можност да се види дел од она што го создаваме. Новиот showroom на Елена Лука го отвораме со порака за љубов и поддршка, кои покрај здравјето, навистина ни се покажаа како неопходни изминатиов период. Првите реакции што ги добивме денеска се и повеќе од позитивни, што навистина многу ме радува и што само потврдува дека не згрешивме и дека еден ваков современ простор за шопинг е навистина потребен. Како моден бренд, секогаш сме биле смели и во модниот израз и сме поставувале некои нови стандарди на модната сцена кај нас и тоа со годините стана наша препознатливост, на која остануваме доследни. Воедно, секогаш ги следиме потребите на нашите потрошувачи, го опипавме пулсот и верувам дека овој нов простор на Елена Лука навистина ќе стане новото омилено место за мода за многумина.

Драго ми е што дами од различни генерации се препознаваат во нашиот бренд, што и денеска се потврди, бидејќи нашата мисија од самите почетоци е да овозможиме секоја жена да изгледа и да се чувствува прекрасно, бидејќи тоа го заслужуваат. Се потрудивме да создадеме простор во кој секој ќе се чувствува пријатно и ќе може комплетно да ужива во модното искуство и да биде дел од нашата модна приказна – ни изјави г-ѓа Елена Пандева, сопственик, генерален менаџер и водечки дизајнер на Елена Лука.

Повелете, ѕирнете во модниот свет на Елена Лука, почувствувајте ја љубовта која е неизоставен дел и од оваа нивна нова модна приказна, создадете свои впечатоци и прекрасни модни комбинации.

Новиот showroom е ♥ на прва посета!

Во продолжение ви откриваме уште дел од денешната атмосфера:

 

Објавено:
16 јануари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.162 пати